Почна реконструкцијата на водоводната мрежа во штипската населба Пребег

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на водоводната мрежа во населбата Пребег, со што жителите од оваа населба, но и угостителските и индустриски објекти ќе имаат поквалитетно водоснабдување.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев вели дека инвестицијата од 30.000 евра е на комуналното претпријатие.
- Од денеска почнавме со реконструкцијата на улицата „Велјко Влаховиќ“. На оваа улица ќе реконструираме 400 метри од водоводната мрежа. Вредноста на реконструкцијата е 30.000 евра. Ова го правиме се со цел граѓаните да имаат подобро водоснадување. Овде имавме чести дефекти. Цревото беше дотраено и не беше според стандардите, вели Бојаџиев.
Штипското комунално претпријатие „Исар“ во рок од седум дена ќе заврши со реконструкцијата на водоводната мрежа, по што Општина Штип ќе постави нов асфалт и на оваа улица, која води до неколку стопански и угостителски објекти.
За наредната година во населбата Пребег предвидено е да се реконструира водоводната мрежа на улиците „Скоевска“ и „Славонска Пожега“.
Ново на Сител
-

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
-

20-годишник од скопско бегајќи од полиција со возило удрил во бетонски ѕид и во полициски автомобил
-

Шумски пожар уништи десетици домови во американската сојузна држава Невада
-

Мицкоски: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати
-

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Крива Паланка – Куманово
-

Биткоинот над 80 илјади долари, највисоко ниво од мај
-

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за невреме
