Почна реконструкцијата на улицата „Втора македонска бригада“
Почнаа градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата „Втора македонска бригада“ на потегот од крстосницата со улица „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружниот тек на улицата „Лазо Трповски“.
На почетокот на градежните работи присуствуваa градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски и претседателот на Советот на општина Чаир Заир Бектеши.
- Денеска ја почнуваме реализацијата на овој важен градежен зафат во должина од 1.181 метар. Ќе биде изгребен стариот и оштетен и ќе биде нанесен нов асфалт. Покрај коловозот, со овој проект е опфатена реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки, комплетна замена на старите рабници, а ќе бидат нивелирани и шахтите и сливниците. Со овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста при движењето за жителите на општините Чаир и Бутел. Покрај градежните работи, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го обнови зеленилото по должината на оваа сообраќајница, изјави градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Бутел Латиновски ја истакна одличната соработка што општината ја има со Градот Скопје и која вродува со реализација на уште еден инфраструктурен проект од исклучителна важност за граѓаните.
- Општина Бутел изминатиов период извршува градежни работи на голем број локации со цел подобрување на инфраструктурата. Во Визбегово се реконструира улицата број 5 која е долга над 2,5 километри, како и улицата број 60, улицата број 42, улицата Бел Камен и други улици коишто се со вкупна должина од над 7,5 километри. Сево ова се реализира со цел подобрување на патната инфраструктура на територијата на општина Бутел, изјави Латиновски.
Претседателот на општина Чаир Бектеши изјави дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општина Чаир и Скопје и го оцени истиот како исклучително важен.
Реконструкцијата на коловозот ќе ја извршат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, додека реконструкцијата на пешачките и на велосипедските патеки ќе ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
За овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои 10,6 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 180 дена
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст