Почна реконструкцијата на државното музичко училиште во Битола

Стручни тимови на НУ Завод и Музеј - Битола ја почнаа реконструкцијата на фасадите на Државното музичко училиште, објект изграден во 1907 година во Битола.
- Проектот за санација, адаптација и конзервација и реставрација на фасадите на Музичкото училиште во Битола е заеднички проект на Министерството за образование и наука и Министерството за култура на Република Македонија, истакна Зоран Алтипармаков, директор на НУ Завод и Музеј-Битола
Тој додаде дека Министерството за образование и наука го планирало делот за санација и внатрешна адаптација на училиштето, додека делот на конзервација и реставрација на фасадите и екстериерот се дел од Акцискиот план на Владата за обновување на фасади.
- По добивањето на конзерваторското одобрение, нашата национална установа доби задача да изврши конзервација и реставрација на фасадите за што спроведе тендерска постапка, избра најповолен понудувач и со создавањето на оптимални временски услови почнавме работа, потврди Алтипармаков.
Државното музичко училиште во Битола е формирано во 1947 година. Денес во училиштето се едуцираат ученици во повеќе насоки односно музичка теорија, пијано, дувачки инструменти, ударни инструменти и соло пеење.
Учениците редовно учествуваат на натпреварите во Македонија, на интернационалните натпревари во Србија и Бугарија, вклучени се во Европскиот Оркестар на млади музичари, а често се усовршуваат и во Интерлокен уметничката академија во САД, потврдија од едно од најстарите училишта во градот - Државното музичко училиште во Битола.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Се намалуваат коефициентите за пресметка на функционерските плати
-

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме
-

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено
-

ИКС промовираше нов документ за јавна политика: Медиумскиот еко систем и СММИ
-

Поплавите предизвикаа штети на земјоделските површини
-

Преглед на вестите од светот
-

Колкави плати земаат функционерите?
