Македонија
13. December 2018 - 18:35

Почна реконструкција на едно одделение од Невропсихијатриската болница Негорци

Државниот секретар за здравство, Владимир Милошев, попладнево беше во посета на Невропсихијатриската болница во гевгелиското село Негорци каде го промовираше почетокот на работата за реконструкција на одделението за акутно заболени лица.

-Со реконструкцијата на ова одделение од НПБ „Негорци“ ќе се подобри стандардот на педесетина акутни пациенти кои се лекуваат во специјализираната болница, а секако ќе се подобрат и условите за работа на здравствените работници кои се грижат за нега на пациентите, рече Милошев.

Реконструкцијата на одделението за акутно заболени лица ќе чини девет милиони денари кои се обезбедени од сопствениот буџет на НПБ „Негорци“ и се очекува да заврши до мај наредната година.