Почна реконструкција на блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“
По целосната реконструкција и опремување на блокот Б од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, кој со нов изглед беше отворен во ноември минатата година, деновиве почна и обновата на блокот А. Ќе следува етапна реконструкција и на преостанатите два блока, за студентите да бидат сместени додека течат градежните зафати.
- Пред неколку дена почна целосната реконструкција на Блок А. Вредноста е околу 1,5 милиони евра. Рокот за изведба е шест месеци. Изготвена е и техничка документација за реновирање односно целосна реконструкција на блоковите В и Г, на мензата и на партерното уредување на овој комплекс, изјави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми кој денеска заедно со заменик-министерот Спиро Ристовски го посети најголемиот студентски дом.
Адеми соопшти и дека е отворен повикот за најавената изградба на два нови студентски дома - „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје и студентскиот дом за Државниот универзитет во Тетово. Тие ќе имаат капацитети за 300 и за 350 студенти, а отворањето на документациите е закажано за 19 април.
- Исто така, објавена е и постапка за снабдување на студентските домови со осум нови лифтови, два лифта за домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, по еден лифт за „Никола Карев“ во Охрид и за „Гоце Делчев“ во Скопје и четири лифтови за домот „Пелагонија“ во Скопје. Ќе набавиме и нов мебел за сите студентски домови во Македонија, рече Адеми.
Отворањето на тендерската документација, посочи тој, ќе биде на 6 април, а планот е до крајот на годинава да бидат опремени сите студентски домови со нови лифтови. Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ нови лифтови ќе бидат инсталирани паралелно со етапното реконструирање на блоковите.
Одговарајќи на новинарско прашање дали зафатите се прават поради претстојните избори, министерот за образование и наука рече дека тие не се поврзани со изборите туку се проекти предвидени во Програмата за работа на Владата на РМ за периодот 2014-2018.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација