Почна реализацијата на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“

Поттикнување интерес кај младите за доусовршување, доквалификација и подобрување на вештините и можностите за вработување со организирање специјални обуки е една од целите на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“ што го спроведува Здружението за локална демократија „Центар на заедницата на општина Струмица“.
Според Здружението со Проектот се планира да се формира и „Инфо пункт“, кој ќе располага со база на информации од граѓанскиот и бизнис секторот и ќе служи како медијатор, односно ќе биде врската помеѓу организациите и младите лица.
Проектот се спроведува во партнерство со Здружението за заштита на бизнис интересите на компаниите во струмичкиот регион „Струмичка бизнис заедница“ од почетокот на септември до крајот на февруари идната година.
-Ќе работиме во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица и лица кои се дел од маргинализирани групи, првично преку одредување на компетитивните предности со кои што тие лица располагаат. На ниво на земји членки на ЕУ, развиени се посебни методологии и пристапи со кои се врши мерење на степенот на поседување на различни компетенции кај работоспособното население, како би му се олеснил процесот на барање на работно место на секој поединец, додаваат од Центарот на заедницата на општина Струмица.
Проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“ се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан- ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Ново на Сител
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
