Почна проширувањето на улицата „Тодор Александров“, прва фаза
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата „Тодор Александров“, прва фаза.
Улицата ќе се прошири на потегот од крстосницата со булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Белградска“, кај ОУ „Кочо Рацин“, до кракот на оваа улица што води кон „Панорама“, во должина од околу 600 метри.
- Со реализација на проектот за проширување и реконструкција, улицата „Тодор Александров“ ќе добие четири сообраќајни ленти, по две ленти во секоја насока, широки по три метри. Од двете страни на сообраќајницата ќе се формираат тротоари со ширина од два метра. На терен ќе се изврши и реконструкција на постојниот коловоз, стариот и оштетен асфалт ќе се изгребе, ќе се обнови носечкиот слој и ќе се нанесе нов асфалтен слој, рече Трајановски.
Тој додаде дека ќе се реконструира и дел од коловозот на помалите улици што се вкрстуваат со улицата „Тодор Александров“, како што се улиците „Белградска“, „Партение Зографски“, „Тасино Чешмиче“ и „Славејко Арсов“.
- На проширувањето и реконструкција на улицата „Тодор Александров“ ќе работат екипите на градежната компанија „Жикол“ од Струмица. Град Скопје во овој проект ќе вложи околу 39 милиони денари. Рокот на изведба е околу 14 месеци, нагласи градоначалникот Трајановски.
Градежните работи на коловозот на улицата „Тодор Александров“ ќе се искористат за да се реконструира и дел од атмосферската канализација на оваа сообраќајница. Ќе се реконструира дел од фекалната мрежа и дел од водоводната мрежа на оваа улица.
По завршувањето на реконструкцијата на улицата „Тодор Александров “ќе се постави ново осветлување со 33 столба за улично осветлување, со висина од 8 метри.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат трпение додека траат градежните работи, да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита