Почна пролетната сеидба во Дебарско
Поволните временски услови и доволната количина влага во почвата овозможија земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа оваа пролет сеидбените работи да ги почнат десетина дена порано од вообичаено.
- Во двете општини пролетните култури ќе се најдат на 300 хектари. Од вкупно планираните површи, 165 ќе бидат засеани со пченка, со фуражни култури околу 50 хектари, околу 15 со пролетен јачмен, десет со овес, како и дваесеттина хектари со други житни култури. Градинарските култури ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан, вели Арбен Муладаути, овластен раководител на подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.
Поради климатските промени, ги советува земјоделците дека е најдобро да користат нови хибридни сорти семе, кои се поотпорни и кои даваат поголеми приноси.
Земјоделците располагаат со потребната механизација и потребниот репроматеријал па доколку временските услови дозволат се очекува сеидбата да заврши во оптималниот рок.
Муладаути ги повика земјоделците да ги осигураат нивните посеви, во случај на суша или невреме. Министертвото, додава, плаќа 60 проценти од вредноста на полисата.
Ново на Сител
-
Населба Влае без вода за пиење
-
Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља
-
Босна се откажа од настап во АБА лигата
-
ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции