Почна примената на електронските картички во јавниот превоз

Корисниците на јавниот превоз од почетокот на годинава треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во возилата на приватните превозници.
- Електронската картичка може да се набави во сите продажни места на ЈСП Скопје, на дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП Скопје и приватните превозници, информира Град Скопје.
Со влегувањето во сила на интегрираниот тарифен систем, Град Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат пет гратис возења.
- Доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет електронски паричник, соопшти Град Скопје.
За единствено возење ќе се користат електронските картички, кои ќе служат како еден вид електронскиот паричник за купување билет во автобусите на ЈСП Скопје. За таа цел патниците претходно ќе мораат да надополнат средства во овластените продажни места. Минимална сума за надополнување е 100, а максималната 6.000 денари, без рок на искористување.
Граѓаните преку својот мобилен телефон ќе можат да купат билет за едно возење за сите линии и ноќен билет за едно возење, исто така за сите линии.
Од 1 јануари годинава почна користењето на електронските картички во ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
