Почна пријавувањето за Дедомразовската трка во Скопје
Почна пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град, а која ќе се одржи во недела на 26 декември.
Пријавувањето се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.
– Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Учеството во трката чини 400 денари, а за првите 200 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада, Здружението за спорт и рекреација Прв до врв.
За победниците, како што посочуваат, се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.
Трката ја организира Здружението Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи