Бизнис
26. January 2016 - 20:11

Почна пријавувањето на субвенции за сончеви колектори

И годинава државата ќе ги субвенционира домаќинствата  кои ќе купат и инсталираат сончеви колектори. Огласот е во тек и се однесува на оние лица кои ќе го направат тоа до 31ви мај. Повратот на средствата изнесува до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност. Мерката се спроведува осма година по ред, а досега се субвенционирани 3612 семејства, информираат од Министерството за економија.

За субвенциите годишно аплицираат до 3500 семејства. Со воведувањето на мерката во 2007 биле субвенционирани 500 домаќинства, а најмногу- 606 во 2014та. Трговците со сончеви колектори велат дека со поддршката од државата, интересот кај граѓаните за инсталација на системите е се поголем.

Годинава за оваа намена државата има издвоено 6 милиони денари. Јавното извлекување на добитниците ќе се одржи на 4ти јуни во салата Борис Трајковски.