-->
-->
Почна пријавување за Виз Ер Скопски маратон 2018
-->

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја започнаа организацијата на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.
Датумот на одржувањето на маратонот е 6ти мај 2018 година, а од четврток, 14.09.2017, со почеток во 10.00 часот официјално започнува и пријавувањето на учесниците. Секој кој ќе се пријави во првите 4 дена, до недела, 17.09.2017, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.
Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, покрај Женска трка и Виз Ер Скопски маратон, заедно со Атлетски клуб Работнички се подготвува најновото спортско изненадување со трката „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10K) која ќе се одржи на 8ми октомври 2017 година. Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
