Почна лидерската средба, Ковачевски со 3 предлози, Мицкоски со 1
Извори од Влада брифираат дека премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со Христијан Мицкоски доаѓа со план и конкретни 3 предлози.
Дел од 3 те предлози на Ковачевски, како што дознаваме се заеднички партиите да застанат зад уставните измени и ервопската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието. Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата но му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.
Предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, е уставните измени одма да се стават на гласање во Собранието, а поради тоа што ќе нема мнозинство, ќе пропаднат и ќе се распишат избори.
Лидерската средба не се очекува да трае многу долго.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот