Почна конференцијата за Сирија, Меркел вети 2,3 милијарди евра

Во Лондон почна донаторската конференција посветена на Сирија, а германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија планира да издвои 2,3 милијарди евра помош за таа земја до 2018 година.
- Германија само оваа година ќе издвои 1,1 милијарда евра, нагласи Меркел.
Домаќин на донаторската конференција насловена како „Поддршка на Сирија и регионот 2016.“ се британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, норвешката премиерка Ерна Сулберг, кувајтскиот емир шеикот Сабах ал Ахмед ал Сабах и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Најавено е учество на повеќе од 70 држави и невладини организации.
Донаторската конференција има за цел собирање средства за долгорочна економска помош на лицата, кои се раселени поради судирот во Сирија и за поддршка на земјите, кои ги примиле мигрантите. Се очекува да бидат собрани околу седум милијарди долари.
Кризата во Сирија трае речиси пет години, а во судирите, според проценките на ОН, загинале 250 илјади лица, а ранети се 1,2 милиони. Хуманитарна помош е потребна за 13,5 милиони лица, речиси половина од населението е раселено, при што само лани се раселени 1,2 милиони, а бројот на сириските бегалци моментално изнесува 4,2 милиони.
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
