Почна изградбата на три мостови во општина Аеродром
Градоначалниците на Скопје и на општина Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска ја означија изградбата на три мостови на Усјанскиот канал во Горно Лисиче. Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.
Мостовите ќе се изградат во должина од по 10 метри, а широчина од 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.
- Со изградбата на овие три мостови се очекува да се подобрат условите за живот на граѓаните во овој дел на општината и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи тој изминативе 50 години се одвиваше врз импровизирани мостови, кои не само што не ги задоволуваа стандардите, туку претставуваа и потенцијална опасност, информира општина Аеродром.
Новите мостови се дел од активностите за подобрување на инфраструктурата во Горно Лисиче, покрај неодамнешната реконструкција на улиците „Тодор Чангов“, „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“.
Изградбата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеци, целосно ќе се покрие од буџетот на општина Аеродром, за што се обезбедени 8 милиони денари.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“