Почна изградбата на логистичко-дистрибутивен центар Тинекс во индустриската зона Чојлија
Почна изградбата на логистичко дистрибутивниот центар на Тинекс во Петровец.Инвестицијата е вредна 14 милиони евра, а објектот ќе се гради во две фази. За почеток ќе бидат вработени 100 лица а по целосното завршување на центарот уште 100.Премиерот Груевски кој што присуствуваше на поставувањето на камен темелникот истакна дека сите парцели во зоната Ќојлија кај што ќе биде центарот се распродадени, и најави изградба на уште две индустриски зони.
Сопственикот посочи дека дека поддршката што ја дава државата на домашните инвеститори е одличен мотив да инвестираат во сопствената земја. Во развојот на компаниите, а со тоа да учествуваат и во развојот на индустријата и економијата.
Во првата фаза ќе се гради објект со површина од 11 000 м2 кој што треба да биде готов до крајот на следната година.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар