Почна изградба на пат од Калањево до Бела Вода
Општина Неготино вчера официјално започна со изградба на патниот правец од селото Калањево до излетничкото место Бела Вода.
- Станува збор за изградба на линиска патна инфраструктура која ќе обезбеди полесен и посигурен пристап до ова излетничко место кое е посетувано како од граѓани на општина Неготино, така и од жители на други градови од Македонија, се наведува во соопштението на општината.
Вредноста на работите изнесува 15.000.000 денари, средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, додека средствата за данокот на додадена вредност ги обезбедува локалната самоуправа Неготино.
Според локалните власти со реализација на овој проект ќе се изгради модерен и современ пат од Калањево до Бела вода, кој ќе гарантира и поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот кои се упатуваат кон ова излетничко место.
Ново на Сител
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот
-
Протест на независниот синдикат на ЈП Улици и патишта
-
Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци
-
Дурмиши и Ристески низ скопските маркети прават увид како се применува мерката новогодишна кошничка
-
Осцилациите негативно влијаат врз езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ