Почна изградба на канализациска мрежа во кумановското село Провеце

Почна изградбата на фекална канализација на улицата од село Проевце кон градот Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Жителите на ова населено место досега немаа мрежа и бараа изградба за да се решат нивните основни инфраструктурни потреби.

– Канализациската мрежа ја гради скопската компанија друштво за производство, промет, градежништво, транспорт и услуги „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. За изградба на мрежата одвоени се 3.388.259 денари со вклучен данок на додадена вредност. Механизацијата веќе е на терен, активностите се во тек, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Проевце е на само два километри до градот, непосредно до урбаната средина. Жителите со години бараа поставување на мрежа и решавање на основни инфраструктурни прашања.
Ново на Сител
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
