Почна издавањето дозволи за берење боровинки во Кавадарци
Во Кавадарци денеска почна издавањето дозволи за собирање боровинки во ридско-шумските предели од општината. Дозволите, по цена од 400 денари, се обезбедуваат во просториите на „Бор“, кавадаречката подружница на „Македонски шуми“.
Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата информира дека веќе се издадени и првите десетина одобренија за собирање боровинки.
- Минатата година издадовме шеесетина вакви документи на заинтересирани да берат боровинки на територијата на општината Кавадарци. Годинава очекуваме бројот на издадени дозволи да биде помал. Тоа го објаснуваме со фактот што снегот кој падна на 17 април пролетва, предизвика мрзнење кај боровинките. Како последица на тоа, нивниот род е намален, рече Ристовски.
Дозволите за берење боровинки важат до крајот на оваа година.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?