Почна гостувањето на „Танц фест 2016“ во Велес

На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес втора година гостува „Танц фест“. Организатор е Скопје танцов тетар, кој годинава прославува пет години од своето постоење.
Пред велешани беше изведена танцовата претстава „Стапнувајќи на земја“. Како што појасни пред присутната публика Рисима Рисимкин, уметничка директорката на „Танц фест“, станува збор за танцова претстава која е составена од три кореографии. Првата „Кој и да е“ е во кореографија на Андријана Андреева, втората „Најди некој“ на Матеа Киселичка и третата „Тишината на пчелите“ во кореографија на гостинката од Холандија, кореографката Џоан Ван Дер Маст, за која музиката специјално ја напишала италијанската композиторка Сара Замбони.
Рисимкин додаде дека се работи за кореографското истражување во кое животот на пчелите е главната тема на инспирација
- Пчелите воспоставуваат катарза на планетата Земја и уште од античко време се почитувани како свети инсекти. Функционираат во беспрекорно организиран систем на репродукција и одржување на животниот циклус на планетата. Загадувањето на Земјата го уништува нивниот природен процес на дејствување, рече Рисимкин.
Кореографката Џоан Ван Дер Маст изјави дека е многу задоволна од претставата. Според неа, е многу важно за танчерите што повеќе да танцуваат. Истакна дека по првата претстава во Скопје, тие сега во Велес се подобри и очекува оти и во иднина ќе бидат уште подобри.
- Велес треба да биде горд на еден ваков современ театар со многу професионална техничка екипа, со извонредна техника која во многу придонесе за одличната изведба на претставата, оцени Ван Дер Маст.
За велешката публика даде позитивна оценка.
- Се надевам дека публиката што беше вечерва тука ќе ги пренесе одличните впечатоци и оти понатаму се повеќе и повеќе публика ќе доаѓа на вакви современи танцови претстави. Знам дека за публиката е тешко да се прифати нешто ново, но доколку тоа се сподели со останатите, мислам дека овој театар во иднина ќе има одлична публика, рече Ван Дер Маст.
Рисимкин нагласи дека е задоволна од настапот и оцени оти имаше одлична публика.
- Велес има одбрана публика која го почитува театарот, така што имаме убава можност во овој убав театар да прикажеме четири претстави на годинашниот „Танц фест“ 2016. Ние годинава славиме пет години од постоењето и сме единствената танцова компанија во земјава и сметам дека е многу важно што повеќе луѓе во Македонија да не видат. Имаме повеќе гостувања на танцови театри од странство, како од Турција и Франција, рече Рисимкин.
На 12 април во Велес, во рамки на „Танц фест 2016“ е „Боите на танцот“ во изведба на Националниот балет од Измир - Турција. На 19 април „Strates Rualite Dance Company“ од Париз – Франција и на 21 април „4 Чакони“, премиера на Скопје Танцов Театар.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
