Почна гласањето за „Приказната за Силјан“: Филмот на Тамара Котевска во трка за престижно меѓународно признание
Започна вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм, откако во првиот круг успешно ја доби номинацијата на овој фестивал.Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.
„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји, но тоа нека биде мотив да бидеме поангажирани и секако со заеднички сили да ги дадеме своите гласови.
Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за Оскар. Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот.
Гласањето се затвора на 16.12.2025 во 02.00 часот.
Гласајте тука: https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/
Дали „Приказната за Силјан“ ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе биде објавено на 16. декември во 22.00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
Ново на Сител
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
