Македонија
13. July 2020 - 11:09

Почна гласањето на лицата со Ковид-19 кои се во домашна изолација

Тимови составени од тројца здравствени работници и двајца претставници од општински избирачки одбор ги посетуваат живеалиштата на лицата со Ковид-19 и оние во изолација кои се пријавиле да го остварат своето гласачко право.

Со заштитни мантили, маски, ракавици и визири како и средства за дезинфекција се опремени сите тимови кои мора да ги менуваат при секое гласање.

 

Сања Димитровска