Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија

Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
-Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја, додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух, објави Ангелов.
Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен, во граничниот појас со Бугарија.
Според информациите од ТППЕ Струмица, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.
На бугарската страна од границата, на нивна територија, веќе со градежна машина се прави пристапен пат по којшто би можело да се движи теренско противпожарно возило за да го гасне пожарот.
Ново на Сител
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
