Македонија
9. October 2019 - 19:49

Почна деинституционализација на штитениците од Завод Бања Банско

Започна процесот на трансформација  на заводот Бања Банско. Седум корисници  од денеска ја напуштија институцијата и започнуваат самостоен живот. Ќе живеат во Струмица во комплетно нови  станови што им ги обезбеди државата. Тие ќе живеат сами, но во зависност од потребите ќе имаат и 24 часовна поддршка од персонални асистенти. Клучевите од новите домови на  корисниците им ги додели  министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која потенцираше дека процесот тече непречено.

После четири децении престој во заводот самостојно започнува да живее и Роза Мојсовска. Вели ова за неа бил почеток на еден нов живот.

Процесот на трансформација на заводот во Банско доби поддрша и од општина Струмица и од постојаната координаторка на ООН во Македонија.

Според стратегијата на министерството  процесот на трансформација на овие институции  треба да трае 10 години, но тенденцијата е да заврши за околу две.