Почна чистењето на речното корито на реката Бошава во Демир Капија
Општина Демир Капија денеска почна со чистење на дел од речното корито на реката Бошава.
Градоначалникот на Демир Капија, градоначалник Трајче Димитриев, изјави дека активноста е во согласност со акцискиот план за чистење на реки и речни корита во Република Македонија и акцискиот план за чистење на речни корита во општината.
- Со чистењето се отстранува вегетацијата, се расчистува наносениот материјал и се врши порамнување на речното корито. Сево ова со цел да се спречат страничната и длабинската ерозија на коритото и да се обезбеди подобар проток на водата, појасни Димитриев.
Нагласи дека дека доколку редовно не се преземаат мерки за чистење на коритото на река Бошава, при обилни врнежи од дожд може да се случи излевање на водата од речното корито и поплавување на Демир Капија.
Ново на Сител
-
АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром
-
Владата со препораки за топлотниот бран
-
На Табановце во функција сите сообраќајни ленти, полицијата презема мерки времето на поминување да се сведе на минимум
-
Ослободен од обвинение полицискиот инспектор обвинет за смртта на мигрантка
-
Од полноќ поевтин мазутот, бензините со непроменета цена
-
ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата
-
Неготино со апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на пожарот да се пријават во Општината
-
Именувани неколку нови директори на клиниките