Почна чистењето на депонијата во Богданци
Општина Богданци и Јавното комунално претпријатие „Комунална чистота“ со асистенција на изведувачот „Вики Компани“ од Гевгелија почнаа со чистењето на депонијата, лоцирана во подножјето на ветерните електрани на потегот меѓу Богданци и Ѓавото.
Во рамки на преземените активности, со употреба на булдожер и багер, до сега е расчитена површина од еден хектар со кабаст, градежен и мешан комунален отпад.
– Активностите опфаќаат расчитување, порамнување и одржување на депонијата со површина од 5,6 хектари, нејзино оградување со бетонски столбови и мрежа како и правење на тампон зона од 20 метри околу неа како превенција од запалување. Целиот отпад од депонијата ќе биде затрупан во специјален ров со површина од околу 32.000 метри квадратни, потврдија од Општина Богданци.
Чистењето на депонијата Општина Богданци ќе ја чини повеќе од два милиони денари.
Ново на Сител
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството