Почна аплицирањето за субвенции за откупувачите на сливи и пченица
Откупувачите на сливи и преработувачи на пченица од денеска до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од годинашната реколта.
Субвенции за откупени сливи може да добијат правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на сливи од годинашната реколта од домашно производство.
– Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени во период од 15 август до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена најдоцна до 15 декември 2018 година по цена не пониска од 5 денари по килограм. Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Субвенции за пченица пак може да користат правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи, кои извршиле откуп на пченица од годинашната реколта од домашно производство директно од земјоделските стопанства. Финансиската поддршка ќе се исплаќа за количините откупени најдоцна до 15 септември, а висината на субвенцијата изнесува еден денар по килограм.
Заинтересираните треба да поднесат барање најдоцна до 25 декември, а како документи треба да достават склучен договор со секое земјоделско стопанство, доказ за откупот и доказ за извршена исплата. Барањата со документите треба да се достават до писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или по пошта на адресата „бул. Трета македонска бригада бр.20“, 1000 Скопје. Образците за поднесување на барањата може да се подигнат во Агенцијата или да се превземат од веб страната www.ipardpa.gov.mk, во делот „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.
Од Агенцијата информираат дека со цел стабилизирање на цената на доматите и повлекување на вишокот на производството од пазарот воведена е и дополнителна поддршка од седум денари по килограм за продадени домати во преработувачки капацитети во период од 27 јуни до 15 јули 2018 година.
Ново на Сител
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран
-
Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра
-
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
-
Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување
-
Сопственици на над 20 фиктивни компании уапсени во голема антикорупциска операција во Србија
-
Адвокатот на Видевски бара ослободителна пресуда, тврди дека обвинението не е докажано
-
Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер