Почна аплицирањето за дополнителните два денара поддршка за лозарите

Од денеска до 25 декември 2019 може да се поднесуваат барања за дополнителните два денара поддршка за лозарите со која се опфатени сортите смедеревка, вранец картошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка.
Како што соопшти Платежната агенција, поддршката е за произведено и предадено грозје во преработувачки капацитет, а корисници може да бидат лозарите кои производството го предале во регистрирани капацитети за вино.
-Барањата за добивање средства од оваа мерка се поднесуваат електронски на www.ipardpa.gov.mk. Апликантите кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, вели директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.
Одлуката за оваа нова дополнителна субвенција од два денара за килограм предадено грозје во рeгистрирани винарници, Владата ја донесе на 13 ноември годинава.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
