Почна 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини

Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Забраната за движење на граѓаните во овие општини ќе трае 80 часа, односно до понеделник до 05 часот.
Во сите останати градови во земјава забраната за движење, која почна во 21 часот ќе важи до 05 часот утре наутро. Забрана за движење ќе имаат и другите денови од продолжениот викенд, односно и петок вечер, сабота вечер и недела која ќе почнува во 16 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
Поради претстосјниот празник Задушница и Духовден забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија на државата и тоа од вечерва од 21 часот до понеделник до 05 часот.
Одлуката за повторно воведување забрана за движење е донесена согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот. Забрана за движење на териорија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.
За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење, аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Отстапките од овие забрани се однесуваат и за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.
Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.
Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 08:30, 15:00 до 15:30 и 20:00 до 20:30 часот.
Ново на Сител
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
