Почна 15-от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“”
![]()
Со свечено дефиле низ улиците на градот и презентација на традиционалните носии и везови од државите што ги претставуваат играорците, во Крива Паланка започна 15- от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.
На градскиот плоштад од синоќа до понеделник ќе продефилираат околу петстотини фолклористи од Белгија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција и Северна Македонија, претставувајќи се со традиционални игри и ора автентични за краевите и регионите од каде доаѓаат.
Гостин на првата фестивалска вечер беше градоначалникот на збратимената општина Самбервил од Белгија, Жан Чарлс Луперто.
– Почитувани гости и учесници, драго ми е што некои од вас ги гледам и по десетти пат, зашто фестивалот годинава одбележува мал јубилеј, а вашето присуство го збогатува ова фестивалско издание. Велат, вредите толку колку што пријатели имате,а овој колорит од знамиња говори дека имаме толку многу пријатели кои не почитуваат и заслужуваат почит. Денес пристигнав од збратимената општина Млава, Полска, каде потпишавме меморандум за мир со градоначалници на пет држави, заветувајќи се на взаемно почитување, мир и соработка,она што е перспективата на овој свет.Со овој фестивал градиме иднина,трајни вредности и пријателства, рече градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Фестивал го организираат општина Крива Паланка и националната установа Центар за култура Крива Паланка,со поддршка од министерството за култура.
– Вдахновени од закрилникот на градот Св.Јоаким Осоговски и најрепрезентативниот објект манастирот, ние на фестивалот што го носи името на светецот три дена торжествено ќе славиме низ игра и песна, со тридневна програма ќе патуваме низ традицијата на Балканот и дел од Европа.Фолклорот не зближува и обединува, низ мир и задоволство нека ечи песна, да заигра душа, истакна директорката на НУ Центар за култура Крива Паланка,Мира Ѓоргиевска.
Втората фестивалска вечер е утревечер,ќе започне со дефиле од ул.Херој Карпош во населбата Бавчалак во 18 часот,а програмата на градскиот плоштад е од 19 часот.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
