Почитување на законските обврски и зајакната соработка за зачувување на шумите

Зајакната соработка на надлежните институции, размена на информации и почитување на законските обврски кои произлегуваат од забраната за движење во шумите и шумските појаси, се клучни за зачувување на шумите и се дел од препораките кои произлегоа од денешниот состанок кој го организираше кумановската подрачна единица на ЈП „Македонски Шуми“.
Претставниците на претпријатието, од СВР Куманово,шумската полиција, Дирекција за заштита и спасување, противпожарна единица,регионален центар за управување со кризи, шумочуварските служби, здруженија на ловци „Фауна“„Шчипоња“ и „Сокол“ и преставници од „Македонија пат“ и од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, разговараа и за бесправната сеча.
Ваквите состаноци,сметаат надлежните, придонесуваат да се намали бројот на пожари кои се случуваат на подрачјето на држвата, но и на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Според податоците на „Македонски Шуми“, лани на подрачјето на поширокиот кумановски регион се случиле тринаесет шумски пожари,а од почетокот на годинава досега само три во кој не е причинета штета на дрвната маса. Во 99 проценти од настанатите пожари причина е човечки фактор. За истиот период период лани,на подрачјето на државата имало 96 пожари,а оваа година 61,при што зафатени биле само 1.200 метри кубни дрвна маса.
Размената на информации е клучна за зачувување на шумското богатсво и секоја институција треба да ги спроведе сопствените задолженија за да се зачува шумското богатство,посочија надлежните на состанокот.
Раководителот на подрачната единица на „Македонски Шуми“, Ваит Саити оцени дека состанокот е успешен и се надева дека и годинава како и претходните ќе се намали бројката на пожари кои можат да ги уништат шумите.
- Овие два месеци будно ќе се следи состојбата, одредени се шумочуварите по сите реони.Граѓаните не смеат да се движат без дозвола од службите, мислиме дека се ќе биде во ред, изјави Саити.
Подружницата на претпријатието одреди шумочувари во козјачието кај Длабочица и Кокино,кај месноста Вускан во близина на манасторот Матејче, кај Руница,Гошинце и Габреш.
- Претпријатието работи на два проекти со МВР „Лето без пожари“ и со претставниците на противпожарниот сојуз со кои се запознаваат и информираат граѓаните да внимаваат да не предизивикаат пожари, кои се последиците од настанувањето на пожарите и како треба да се однесуваат кога настануваат, објасни Горан Стојковски, помошник раководител во секторот за заштита на шуми од ЈП „Македонски Шуми“.
Тој посочи дека се сискутирало и за бесправните сечи, како и за доопремувањето и доекипираноста на шумочуварската служба на „Македонски Шуми“.
- Имавте можност да ја видите и нивната униформа.Тоа е еден процес кој успешно го завршивме, набавивме униформи за 320 шумочувари, кој беше финансиран од буџетот на ЈП „Македонски Шуми“ и за кој беа потрошени 6 и пол милиони денари, изјави Стојковски.
Ново на Сител
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
