Починатото момче од Ресен одбило да остане во болница, па следниот ден се вратило во уште полоша состојба
Момчето од Ресен на возраст од 24 години кое почина утрово и беше најмладиот починат во денешната ковид статистика, според информациите од Министерството за здравство, било примено на инфективното одделение во битолската болница во тешка состојба, но на сопствена одговорност заминал на домашно лекување.
-Пациентот на 24 август е примен во инфективното одделение на Клиничката болница Битола како суспектен на Ковид-19. Пациентот имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, веднаш на пациентот му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен, соопштуваат од Министерството за здравство.
-Следниот ден, на 25 август, пациентот е донесен од ОБ Охрид за хоспитализација во КБ Битола. Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал, велат од МЗ.
И според нивните официјални податоци, пациентот не бил вакциниран и немал коморбидитети.
Ново на Сител
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот