Македонија
4. November 2015 - 16:56

Починатиот пар од Битола починал од предозираност со метадон

33-годишниот Кашмир Исовски и неговата 27-годишна сопруга Ѓулџан Исовска се лицата чии тела беа пронајдени во фаза на распаѓање во мотелот „Пржо“ во Битола. Според обдукцискиот наод од Судска медицина, причина за смртта на двојката е предозираност со метадон.

Брачните другари Кашмир и Ѓулчен Исовски оставија без родители четири деца кои уште пред два месеци се згрижени од страна на Центарот за социјални работи во Битола. Нивните соседи во населбната Баир во Битола не сакаат да зборуваат за несреќата што го погоди семејството Исовски, но зад камера раскажуваат дека сопружниците биле заедно од деца. Кашмир работел како дрвосечач, но пред неколку години се фатил со лошо друштво и со дрога. Ѓулчен го оставила и извесен период живеела во Германија. Откако се вратила живеела со мајка си, но повторно започнала да се гледа со Кашмир. Се до кобната средба во мотелот Пржо, каде според полицијата и двајцата се предозирале со метадон.