Починатата кавадарчанка пронајдена од нејзината ќерка ја убил партнерот со гушење
На 30.01.2025 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.
Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото.
ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик - „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и И.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом