Македонија
21. November 2016 - 15:24

Починал при ископ на канализација

Ј.С. (38) од Крива Паланка починал вчера откако, при ископ на канализација, бил затрупан со земја. 

Според МВР, несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Димитар Влахов“ во село Смојмирово, Беровско. Ј.С. добил тешки телесни повреди од што починал на самото место. 

Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош, а извршен е и увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.