Почина здравствен работник од КОВИД-19 во Македонија

Во известување испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот здравствен работник во Македонија од корона вирус.
„Фармацевтска комора на Македонија со огромна болка и тага соопштува дека на27-ми мај 2020 година згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга. Основно образование има завршено во родното место, а средно образование - гимназија во Струга. Своето образование го продолжува на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Стручните знаења како и љубовта кон природата ги користи во интерес на науката и публикацијата. Уште за време на студирањето објавува научни трудови од областа на лековитите растенија и нивната употреба. Во 2005 година ја објавува својата прва книга „Лековити растенија на планината Јабланица“, во 2008 „Природни антибиотици“ и во 2009 „Отровни билки“. Петар Мојсоски целата своја кариера ја посветува на пациентите работејќи во аптека најдолго во родното Подгорци како и во други места. Најважна грижа му беа пациентите и нивното здравје. За жал, извршувајќи ги своите професионални должности, пружајќи здравствена заштита, на своето работно место, во аптека, се зарази од вирусот SARS-CoV-2. Болеста го совлада и ја загуби битката со неа на Инфективната клиника во Скопје. Петар Мојсоски е првиот здравствен работник кој почина од КОВИД -19. Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациентите без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија кога потребата за посета на аптеките е поголема изложеноста на здравствените работници е зголемена, а со тоа и ризикот за заболување.
Почитувањето на мерките за заштита се од огромна важност и за намалување на можноста за заболување и на можноста за ширење на болеста. Се замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките, да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека. Препораките се објавени на веб страната на Фармацевта комора www.fk.mk. Потребни се координирани чекори со Министерството за здравство и другите здравствени установи и работници во понатамошниот развој на настаните поврзани со преземање на мерки за заштита и ширење на болеста. Ја истакнуваме потребата од поголема вклученост на Министерството за здравство во донесувањето на
понатамошните мерки и препораки за работа на аптеките и здравствените работници кои работат во нив.
Голема е тагата, Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник. Упатуваме длабоко сочувство до семејството и до најблиските.“, стои во известувањето.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
