Македонија
10. July 2022 - 17:04

Почина затвореник во Шутка

51-годишен затвореник пронајден мртов во КПУ „Затвор Скопје“.

- На 09.07.2022 во 13.00 час во Полициска станица Чаир е пријавено дека во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“ - Скопје, починало осуденото лице В.Д.(51) од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.