Балкан
12. July 2016 - 21:25

Почина уште еден хашки осуденик

Поранешниот претседател на Република Српска Краина Горан Хаџиќ почина вечерва на Институтот во Сремска Каменица.

Нему му се слошило дома, по што е пренесен во Сремска Каменица.

Се претпоставува дека станува збор за тромб во белите дробови, пишуваат Новости.

Хаџиќ беше со нарушено здравје, а во поселдните месец дена два пати беше во болница.

Против него Хашкиот трибунал поведе обвинителен акт за прогон на Хрватите на расна, верск и политичка основа, за истребување, убиства, незаконско притворање, нечовечки дела, за депортација и присилно преместување во периодот од 1991-93 година во Источна Славонија и Книнска краина. Тие дела беа квалификувани како злосторство против човештвото.

Пред извесно време од Хаг беше вратен во Белград поради влошена здравствена состојба - тумор на мозокот во последна фаза.