-->
-->
Почина стјуардесата која го преживеа падот на авионот
-->

Во Белград почина легендарната стјуардеса на „ЈАТ“ Весна Вуловиќ која ќе биде запаметена како единствен преживеан патник при пад од 10.000 метри.
Стјуардесата Весна Вуловиќ, која пред 44 години, во 1972 година го преживеа падот на авионот на југословенската авио компанија ЈАТ од висина од 10.000 метри, почина во својот стан на 67 годишна возраст, пренесуваат српските медиуми.
Загрижените пријатели на Весна повикале полиција откако таа неколку дена не кревала на својот мобилен телефон, а полицијата телото го пронашло вчера.
-Стјуардесата очигледно е дека починала пред неколку дена, а пред смртта таа била во лоша здравствена состојба велат нејзините пријатели.
Весна ќе остане како синоним за тоа како е можно да се остане жив од пад над 10.000 метри без падобран, а поради овој чуден феномен таа ја има добиено и Гинисовата награда на рекорди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
