-->
-->
Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ
-->
Авторот на македонската класика „Среќна Нова ’49-та”, сценаристот, драмски писател и режисер Гордан Михиќ, почина на 80-годишна возраст. Тоа на јавноста преку Твитер ѝ го соопшти неговата ќерка Ивана Михиќ.Гордан Михиќ бил редовен професор на белградскиот Факултет за драмски уметности, каде што предаваше филмско сценарио. Беше оженет за глумицата Вера Чукиќ и татко на Ивана Михиќ, исто така глумица. Починал по изненадна болест, пренесуваат српските медиуми.
Михиќ е автор на повеќе дела: „Кучето што сакаше возови” (роман), филмот „Среќна Нова ’49-та”, „Кутрите мали хрчки”, „Тераса на кровот и други сценарија”, „Црна мачка, бел мачор”, „Купи ми Елиот” (роман), „Династијата Немањиќ, раѓање на кралството”, „Абсурдистан”, „Воена академија”…
Меѓу позначајните награди што ги добил, се: Прва награда за сценарио за филмот „Освајување на слободата“, на Фестивалот за филмски сценарија во Врњачка Бања, 1979 година; Прва награда за сценарио за филмот „Балкан експрес”, на Фестивалот во Врњачка Бања, 1983.; Златна арена за сценарио за „Среќна Нова ’49-та”, Пула, 1986., како и на Фестивалот во Врњачка Бања истата година; Прва награда за сценарио за „Црна мачка, бел мачор”, на 23. Фестивал во Врњачка Бања, 1999., каде што ја доби и специјалната награда Кристална призма за севкупен придонес за српскиот филм.
Пишувал сценарија и за филмовите: „Ранета земја”, „Таа ја сака Црвена звезда”, „Туѓа Америка”, „Лажливо лето 1968″, „Камионџии”, „Дом за бесење”, „Дојде време љубовта да се проба”, „Скокот на јагуарот”, „Сив дом”, „И, Бог ја создаде кафанската пејачка”, „Бубашинтер”, „Кога ќе бидам мртов и бел”, „Заборавени”, „Почетниот удар”, „Танго аргентино”, „Дневник на навредите”, „Отворена врата” и други.
Михиќ почина во неделата рано наутро. Ќе биде погребан во најтесниот круг на семејството, близу манастирот Раиновац во Белград.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
