Почина скопската легенда Ди Џеј Бабура
Диџеј Бабура, кој е роден како Љупчо Петровски, еден од најекспонираните македонски диџеи, утринава си замина во историјата.
Бабура почнувајќи во Уно, Мега, Антена 5 и последно како косопственик во Сити Радио, израснува со сето она што е беше актуелно од 70-тите и 80-тите, музика која до крајот имаше големо влијание во неговиот музички избор. Музика која не само нему, туку служеше за инспирација на многу познати светски ДЈ-и и продуценти.
Co себе носеше големо искуство работејќи во многу познати клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум, при тоа до крајот препознатлив по изборот на музиката која опфаќа широк дијапазон од она моментално што е на актуелната европска и британска топ листа, музика која ги загрева подиумите на сите попознати светски клубови и дискотеки, музика која е во голема експанзија во последно време.
Диџеј Бабура беше еден од нашите најдобри радио деџеи, инспирација за многу радио водители, за многу млади диџеи.
Слава ти голем човеку!
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега