Почина скијач на Церипашина на Попова Шапка
Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи денеска биле на скијање на задната страна од врвот Церипашина во месноста Казани на Попова Шапка.
Според првичните полициски информации германскиот државјанин вчера пристигнал на Попова Шапка за денеска со други скијачи со ратрак да се упатат на другата страна од Церипашина каде имало снег за скијање. Според кажувањата на поединци од групата тој во еден момент додека скијал застанал, се свиткал и паднал на снегот. Веднаш било известено полициското оддление на Попова Шапка од каде побарале интервенција на хеликоптерот на МВР што пристигнал на местото и го пренел Германецот во клиниката Систина во Скопје каде лекарите само можеле да ја констатираат неговата смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.