Почина Синиша Михајловиќ
По долгогодишна борба со леукемијата на 53-годишна воздраст почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.
Михајловиќ роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец.
Две години подоцна се пресели во Војводина, а во 1990 година пристгнува во Црвена Ѕвезда со која стана Европски и Светски шампион.
После две години заминува во Италија каде настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, при што се здоби со статус на еден од најдобрите одбрамбени играчи во Серија А.
Во 1999 година беше прогласен за најдобар фудбалер на Југославија, а за репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна 10 погодоци.
Како тренер ги водеше тимовите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан,Торино, Спортинг, а беше селектор и на Србија.
Ново на Сител
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?