-->
-->
Почина рокенрол легендата
-->

Легендата на рокенролот Чак Бери почина на 90 години.
Неговата смрт ја потврди полицијата. Итната помош добила повик денес околу 12:40 часот по локално време, но кога стигнале на наведената адреса и покрај обидите за реанимација можеле само да констатираат смрт.
Роден е како Чарлс Едвард Андерсон Бери во 1926 година, а професионалната кариера ја запилна на 26 години.
Бери, кој се смета за еден од татковците на рокенролот и еден од најдобрите гитаристи, беше препознатлив по посебниот сценски настап и стилот на свирење гитара.
Неговиот хит „Johnny B.Goode“ од 1958 година до денес остана еден од најпризнатите наслови на популарната музика и е одбран во песните кои во 1977 година се лансирани со вселенската сонда „Voyager“ како порака од Земјаните за можните вонземјани.
Лани, по 38 години го најави неговиот нов албум со едноставен наслов „Чак“, кој оваа година треба да се најде во продажба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
