Почина професорот Стојмен Михајловски, еден од првите девет уставни судии од независнота
По долго боледување денеска почина проф. д-р Стојмен Михајловски, кој беше уставен судија во периодот од 1994 до 2003 година.
Роден е во 1941 во Трново, Кривопаланечко. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1965 година, магистрирал во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје 1973 година, докторирал на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево 1979 година на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување”.
Професор Михајловски беше уставен судија во периодот од 1994 до 2003 година. Во периодот од 1966 до 1994 година беше научен советник и редовен професор на Институтот за политичко – правни истражувања во Скопје, а во два и пол мандати беше и директор на Институтот. Како редовен професор ги предаваше предметите уставно право и политички систем на постдипломските студии при Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, на Факултетот за безбедност, на Воената академија и на Факултетот за општествени науки во Скопје.
Учествувал и раководел со повеќе национални и меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на правните и политичките науки. Автор е на голем број самостојни научни трудови од областа на избирачкото право и политичкиот систем, а објавил и повеќе од 100 статии и други прилози во домашни и странски научни и стручни списанија
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран