-->
-->
Почина проф. д-р Зоран Сулејманов, поранешен судија на Уставен суд
-->
По долго боледување, вчера во Скопје почина проф. д-р Зоран Сулејманов, поранешен судија на Уставен суд.
Тој е роден во Битола во 1953 година. Основно училиште и гимназија завршил во Ресен. Во 1976 година, дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што во 1990 година и докторирал.
Од 31 мај 2003 година до 31 мај 2012 година беше судија во Уставниот суд. Во 2013 година беше избран за член на Советот на јавни обвинители.
Погребот на проф. д-р Сулејманов беше извршен денеска на градските гробишта во Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Трамп: Ќе поднесам оставка доколку моето здравје се влоши за време на функцијата
-
Мицкоски: Илинден е историска вистина и нашиот најсилен повик за акција и единство денес
-
ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Турција го блокираше пристапот до Инстаграм
-
Во Крушево почна одбележувањето на 2 Август
-
ОЈО поведе постапка за тешка кражба во Скопје
-
Ајдин Османовиќ ја испеа „Заветна“ како честитка за Илинден