Почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија
По краткотрајно боледување денеска во утринските часови почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво, на Македонската психијатриска асоцијација, информираат од Универзитетската клиника за психијатрија.
Проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград. Во Cкoпje завршува средно училиште (1957) и Медицински факултет (1965). Наредните две години работи како лекар по општа пракса во Гостивар. Од 1968 година до 1974 година работи во Лондон, каде во 1972 година добива диплома за завршена психолошка медицина, односно специјалистичка диплома по психијатрија. Со такво богато стручно образование се враќа во Скопје и истата 1974 година се вработува на Клиниката за невропсихијатрија, како единствен лекар во тоа време кој специјализирал во странство. Во 1984 година проф. д-р Мицев одбранил докторат на Медицинскиот Факултет во Скопје.
Во 1976 година проф. д-р Мицев повторно престојува во Лондон, а исто така овој студиски престој се повторува и во 1980, 1983 и 1985 година. На универзитетот Сент Луис, во САД во неколку наврати е визитинг професор, а во 1999 визитинг-професор станува и на Њујоршкиот универзитет. На Универзитет Кирил и Методиј – Скопје, д-р Мицев беше професор на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Филозофскиот факултет.
Проф. д-р Мицев има објавено 110 стручни трудови во домашни и светски списанија. Автор е и на книгите: „Стравот низ дневникот на еден психијатар", „Зошто", а заедно со проф. д-р Ѓеорги Чадловски се автори на учебниците „Психијатрија 1 и 2’’.
Неврозите и психотерапијата се посебното поле на интерес од неговата потесна специјалност. Супспецијалист е по психотерапија и ја вовел когнитив-бихевиор психотерапијата во Македонија и е еден од познатите автори на лекување на фобичните заболувања. Беше активен член на Светската психијатриска асоцијација и на Европскиот комитет за едукација во психијатријата.
Погребот на проф. д-р Витомир Мицев ќе се одржи утре во 12:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница