Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
Почина македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков (1946-2025), соопшти денеска Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).
- Изразуваме длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков. Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија, се наведува во соопштението од ДФРМ.
Мижимаков студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови.
Од 1991 година е еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа „Пегаз“, со која има реализирано неколку филмски проекти.
Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите: „Среќна Нова“, „Преку Езерото“, „Џипси Меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Тајната книга“ и многу други значајни филмски остварувања.
- „Филмот ни даде повеќе нам, отколку ние него. Ни даде сѐ. Работејќи и патувајќи низ светот, запознавме луѓе за кои не сме можеле ни да замислиме. Кога би бирал пак во животов, пак би работел во филмот“ – Панче (Панта) Мижимаков.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство