Џет-Сет
4. August 2017 - 9:19

Почина познатиот светски актер

Британскиот глумец Роберт Харди, најпознат по улогата на волшебникот Корнелиус Фаџ од серијалот филмови за Хари Потер, почина вчера на 91-годишна возраст.

Актерот живееше исполнет живот и имаше „огромна театарска, филмска и телевизиска кариера, што траеше повеќе од 70 години“, стои во соопштението до јавноста на неговото семејство.

Харди е роден на 29 октомври 1925 во англсиката област Глаучестершир. Други негови позначајни улоги се онаа на Винстон Черчил во неколку ТВ проекти, како  и неговиот удел во „All Creatures Great and Small“ - една од подолгите британски сапуници во историјата.