Живот
14. April 2018 - 11:24

Почина познатиот режисер

Светот потона во тага. Познатиот американски режисер од чешко потекло, Милош Форман, почина во својот дом во Холивуд. Тој е творец на ремек-дела како „Ах, овој џез!“, „Лет над кукавичјото гнездо“, „Коса“ и „Амадеус“. Форман почина на 86-годишна возраст. Ова беше објавено од страна на светските медиуми.

Тој е роден во 1932 година во Чеслав. Родителите му загинуваат во концентрационен логор за време на Втората светска војна / 1939-1945 година /. Кинокариерата му започнува во 1955 година. Во Чехословачка ги снима филмовите „Црн Петар“ (1964), „Љубовта на русокосата“ (1965) и „Оган, мојата девојка“ (1967).

Во 1967 година заминува на специјализација во САД, во 1968 година е во Париз за преговори за снимање на нов филм и останува таму, заради настаните од Прашката пролет.

Од 1971 година работи во САД и уште со својот прв филм го освои престижниот Кански фестивал. Во 1975 година Форман постигнува светски успех со екранизацијата на „Лет над кукавичјото гнездо“ и за него освои награда „Оскар“.

Други познати негови филмови се „Коса“ / 1979 / и „Амадеус“ / 1984 /. За последниот добива 8 награди „Оскар“ и 4 „Златни глобуси“.

 

Ново на Сител